Skip to main content

Советникот за безбедност на Британија итно лета во Истанбул за да го советува Зеленски пред преговорите со Русија

Facebook / Володимир Зеленський
Facebook / Володимир Зеленський

Советникот за безбедност на британскиот премиер Кир Стармер, Џонатан Пауел, ќе го посети Истанбул за да го советува украинскиот претседател Володимир Зеленски пред преговорите со Русија, објавува „Гардијан“.

Изданието нагласува дека клучната препорака на Пауел останува предупредување до Зеленски – да избегнува какви било чекори што би можеле да го одвратат или налутат американскиот претседател Доналд Трамп.

Според „Гардијан“, разговорот меѓу руската и украинската страна бил опишан како „непредвидлив состанок во нејасен формат“.

Поврзани вести