Skip to main content

Скопјанец заврши на Клиники откако неколку лица го нападнале поради „недоразбирања околу сообраќајот“

Вчера околу 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, Р.Ж.(56) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Поврзани вести