Skip to main content

Синер се врати по допинг скандалот

 Три месеци без играње тенис поради суспензија оставија трага врз играта на Јаник Синер, но ниту еден од неговите противници досега не успеа да го искористи тоа. 

Франческо Серундоло синоќа го измачи најдобриот тенисер на светот во првиот сет од осминафиналето на Мастерсот во Рим, вториот сет можеше да биде уште потежок, но Италијанецот знаеше како да стави крај на тоа.

– Како да ми падна голем товар од грбот. Не чуствувам дека го носам веќе, Синер објасни како се чувствува откако беше затворен скандалот со допинг. 

Тој ја плати цената со три месеци неиграње, а сега е подготвен да продолжи таму каде што застана – со победи и освојување трофеи. 

– Нема подобро место за играње од Централниот терен на „Форо Италија“. Секој пат кога излегувам таму, се чувствувам фантастично и единственото нешто што можам да го направам е да дадам 100 проценти, изјави синоќа Италијанецот.

Иако ги освои сите турнири на кои играше од август (Синсинати, Отвореното првенство на САД, Егзибицискиот турнир во Ријад, Торино, Дејвис купот и Отвореното првенство на Австралија), освен Пекинг, сега е пресреќен од четвртфиналето во Рим.

– Одличен резултат. Знам точно што ми треба – да имам што е можно повеќе тешки ситуации за да се вратам во максимална форма што е можно побрзо, да ја вратам менталната сила и сè друго, додаде Синер

Поврзани вести