Skip to main content

Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД

 Индија и Пакистан потврдија дека е договорен прекин на огнот. Прекинот на огнот стапува во сила денеска, објавија светските агенции. 

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот, по разговорите со посредство на САД. 

„По долга ноќ разговори со посредство на САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот веднаш. Им честитам на двете земји за користењето на здрав разум и големата интелигенција“, објави Трамп на мрежата Трут Соушл.