
Сабота исполнета со работа, средби и непосредна комуникација со граѓаните – вака изгледа денешниот ден на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Потврдувајќи дека грижата за народот не познава работно време, уште од раните утрински часови, го отвори својот кабинет за секој што има потреба од институционална поддршка, совет или едноставно пријателски разговор.
Повеќе од 80 жители на Кисела Вода остварија директен контакт – преку лична средба или телефонски разговор – со градоначалникот, пренесувајќи конкретни предлози, укажувајќи на проблеми или споделувајќи идеи кои би можеле да се претворат во идни проекти.
Тимот на општината веднаш ги нотираше сите барања, а според природата и итноста на секое од нив, се преземаат мерки.
-И сабота е ден посветен за мојот народ. Уште од рано наутро сум во мојот кабинет каде што досега остварив дирекни средби и телефонски разговор со повеќе од 80 мои сограѓани, кои имале потреба или оставиле нивни контакт на службите во општината. Мојот тим ги запишува барањата и веднаш уште денес, во зависност од природата на проблемот пристапуваме кон решавање. Она што исклучително ме радува е што некои граѓани немаат никаков проблем, туку им треба само пријателски разговор во кој ќе споделат некоја идеја од која ќе произлезе проект во иднина. Тоа е само уште еден доказ за нашата посветеност. Пријателски разговор, чисто да се видиме и да дадат поддршка за она што е сработено, а и она што допрва доаѓа, најдоброто.Ќе бидам тука во текот на целиот ден, а ако треба ќе продолжиме и утре. Ќе разговарам или остварам лична средба со секој оној кој има потреба – во мојот кабинет или надвор, на пријателско кафе. На проблемите им погледнуваме во очи и директно ќе ги решаваме, мојот народ мора да е задоволен, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.