
На 8 мај 1945 година, во берлинското предградие Карлсхорст беше потпишан Актот за безусловно предавање на нацистичка Германија.
Бусловното предавање беше прифатено од командантот на 1-виот белоруски фронт, маршалот на Советскиот Сојуз Г.К. Жуков и заменик-врховниот командант на сојузничките сили, маршалот А.В. Тедер.
Од германска страна, потписите ги ставија фелдмаршалот В. Кајтел, генерал-полковник Г. Штумпф и адмиралот Г. фон Фридебург.