
На валутните пазари во раното претпладневно тргување во четвртокот, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми, по одлуките и пораките на американската централна банка.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево е околу 99,79 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 99,52 поени.
Истовремено, курсот на американскиот долар во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 143,30 на 143,85 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1315 долари, додека вчера истиот момент изнесуваше 1,1340 долари.
Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,62 проценти, на 61,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,74 проценти, на 58,50 долари.