Skip to main content

Николоски: Во Штип работиме на ДУП за бањата Кежовица, очекувам браната Отиња да биде готова следната година

Во општина Штип работиме на повеќе проекти, во финална фаза е изработката на ДУП за бањата Кежовица која што треба да отвори многу преспективи за развој на туризмот, пред се на бањскиот туризам, а браната Отињa да биде готова следната година, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на општина Штип.

-За општина Штип инвестираме дополнително некаде околу 70 милиони денари за водоводни и канализациони системи. Оваа година ќе имаме уште една таква слична активност како дополнителна поддршка, тоа е една работа. Втората е, заедно со градоначалникот работиме и во финална фаза сме на изработка на ДУП за бањата Кежовица која што треба да отвори многу преспективи за развој на туризмот, пред се на бањскиот туризам и исто така една убава викенд населба што ќе значи многу за целиот источен дел на државата. Третиот проект е браната Отињa која што треба да е една туристичка атракција. Обезбедивме дополнителни 145 милиони денари и се реализира во моментов. Очекувам во текот на следната година да заврши. Веќе летото 2027 година очекувам да почне да се полни со вода, и се надевам да направиме севте на тоа езеро како во делот на туризмот, така и во делот на наводнување, ијзави потпретседателот на владата Николоски.

Поврзани вести