
Политиките во авиосообраќајот даваат резултати, за само неколку месеци десетици нови дестинации од двата домашни аеродроми и преговори за десетина нови авиолинии за подобар квалитет на животот на граѓаните, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
На скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Директни летови од Шпанија, Барселона 2 пати неделно и од Франција, Лион 3 пати неделно.
Политиката на субвенции што ја води Владата и Министерството за транспорт ги даваат првите резултати. Нови дестинации, за уште многу патници на скопскиот и охридскиот аеродром, нови можности, развој на бизниси, повеќе туристи.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување на конкуренцијата на домашните аеродроми.
За само неколку месеци владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да овозможи десетици дестинации од двата домашни аеродроми, се вложува во воздушниот сообраќај и се создаваат поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните.
Исто така и се преговара за уште десетина нови авиолинии.
Скопје директно се поврза со Париз, со нова авионска линија Скопје-Париз (аеродром Орли).
Се воведе нова авио линија Охрид-Истанбул.
После 12 години повторно се врати линијата Скопје-Амстердам.
Нов чартер лет од Германија со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија.
Две нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје и тоа:
Скопје -Женева, која ќе започне да оперира од 3 ноември 2025 и
Скопје-Париз (аеродром Орли).
Претходно се потпишаа и договори за воведување на линиите:
Охрид – Истанбул,
Охрид – Базел Мулхаус,
Скопје – Дубаи,
Скопје – Штутгарт, стои во соопштението на партијата.