
Денешниот ден не потсетува на тоа колкав голем титан, македонскиот народ имал, којшто имал не само локално, би рекол регионално па и пошироко значење. Неговата борба за Македонија, неговата хуманост, неговото дело се безвременски и така и ќе остане за генерациите коишто следат, рече денеска Премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа генерација политичари во македонската Влада има чест да го пренесе сеќавањето за неговото дело на оние генерации коишто следат, но истовремено и достојно да го чува и негува. Кога велам да го чува и да го негува да ја пренесува вистината, онаа вистина каква што вистински се случувала, а невистината којашто за жал некој се обидуваат да ја искриват и во колективната меморија на македонскиот народ.
Во минатото имаше обид за инженеринг за таа вистина да биде поинаква. За среќа тоа е веќе минато, а наша обврска е вистинската вистина да ја пренесеме на идните генерации за овој голем македонски титан Гоце Делчев.