Skip to main content

Во чест на неодамна починатиот Џин Хекман, Кинотека приредува омаж со проекции на два негови незаборавни филма: Вечерва „Разговорот“ на Френсис Форд Копола

Во чест на неодамна починатиот Џин Хекман, Кинотеката приредува омаж со проекции на два негови незаборавни филма: „Разговорот“ на Френсис Форд Копола и „Непростено“ на Клинт Иствуд. Првиот го прикажува Хекман во улога на интровертен експерт за прислушување, фатен во мрежа на параноја и морална дилема, додека вториот го претставува како насилен шериф што го преиспитува митот за херојството. Хекман останува синоним за актерска прецизност, длабочина и човечка кревкост.

3 МАЈ (САБОТА) 20:00 ч.

РАЗГОВОРОТ

(The Conversation)

Игран филм, САД

1974, 113 мин., колор, 35 мм

Режија и сценарио: Френсис Форд Копола (Francis Ford Coppola)

Улоги: Џин Хекман, Фредерик Форест (Gene Hackman, Frederic Forrest)

Филмот маестрално ја прикажува изолацијата и вината на Хари Кол, кој иако е експерт за тајно набљудување, самиот станува жртва на сопствената параноја. Со минималистичка музика на Дејвид Шир и брилијантна кинематографија, „The Conversation“ останува едно од најдлабоките истражувања на надзорот, моралот и човечката ранливост.

Поврзани вести