Skip to main content

Нетанјаху се шокирал од изјавата на Трамп дека му забранил на Израел да врши нови напади во Либан

Facebook/Benjamin Netanyahu

Израел побарал појаснување од Белата куќа откако американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалната мрежа „Truth Social“ изјави дека на Израел му е „забрането“ да спроведува понатамошни воздушни напади во Либан, изјава што Тел Авив ја смета за спротивна на условите на прекинот на огнот, кои му дозволуваат на Израел да одговори на „закани“, објавува „Аксиос“.

Според изданието, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите советници билешокирани и дознале за коментарот преку медиумите, што ги натерало официјалните лица, вклучувајќи го и амбасадорот Јехиел Лајтер, итно да побараат појаснување и да утврдат дали политиката на САД кон регионот се променила.

Оттаму добиле одговор дека ставот на САД бил јасен, а политиката не се променила.

Поврзани вести