
Зборувајќи на конференција организирана од „Џуиш њуз синдикејт“, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелски борбени Ф-16 минатата година пресретнале ирански авиони кои се обидувале да достават војници за да му помогнат на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад во пресрет на падот на неговата влада.
Нетанјаху рече дека Иран „морал да го спаси Асад“ и се обидел да испрати „една или две воздушно-десантни дивизии“ во Дамаск, но израелските сили „го спречиле тоа“ и ги принудиле иранските авиони да „свртат“ и да се врата назад.