Skip to main content

Американската поштенска служба УПС планира да укине 20.000 работни места

Компанијата „United Parcel Service“ (УПС) годинава планира да укине околу 20.000 работни места и да затвори 73 објекти, откако во јануари значително го намали обемот на работа со својот најголем клиент „Амазон“, кој учествуваше со 12 отсто од приходите на УПС, објави „Волстрит журнал“.

Компанијата е доставувач на пратки со најголеми приходи во светот и вработува околу 490.000 луѓе. Таа лани затвори 11 објекти и отпушти 12.000 работници.

Новиот бран отпуштања и затворања е дел од стратегијата за преструктуирање на ланецот и намалување на трошоците во услови на економска неизвесност, соопшти директорката Керол Томе.

УПС годинава очекува трошоците да изнасуваат од 400 до 600 милиони долари. И покрај тоа што резултатите за првиот квартал беа подобри од очекуваното – со профит од 1,19 милијарди долари и приходи од 21,5 милијарди – компанијата, како и многу други ентитети во САД, не дава прогнози за целата година и очекува разврска на новата царинска политиката на администрацијата во Вашингтон.

Поврзани вести