
во КСП Центар – Јадро на улица Алберт Ајнштајн 2, во Скопје, вчера напладне се одржа промоција на сликовницата „Потрага по храброст“ од Биљана Стојановска, со илустрации на Владимир Лукаш.
Книгата ја промовираше Билјана Црвенковска, а извадоци читаа младите читатели: Давид Ангелкоски (10) и Исак Стојановски (6)
Музички настап на ВИС „Тркалезна маса“: Ана Голејшка Џикова, Ѓоко Здравески, Васко Марковски, Перица Сарџоски, Владимир Мартиновски, Владимир Лукаш + придружен вокал Биљана Стојановска.
Издавачка куќа е „Чудна шума“
„Потрага по храброст“ е сликовница која зборува за потрагата по храброст и самодоверба, наменета за најмалите читатели. Малата ластовичка Верка е последна од ластовичките во гнездото што сѐ уште не научила да лета. Откако мајка ѝ ќе ѝ каже дека треба да ја пронајде храброста за да полета, Верка поаѓа во потрага. Потрага по храброст.

Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“. Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“). Tретата поетска книга ,,Додека спиеш” е објавена во 2024 година во издание на ,,Чудна шума”.
Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.

Владимир Лукаш е магаре со пунџа кое црта сликовници пред и после пасење сено. Тој сака секакво сено, но најмногу сака да пасе на поле полно со детелинки, по можност, со 5 листа. Исто така, Лукаш сака да јаде и боички, но се воздржува од тоа зашто ако ги изеде боичките, ќе нема со што да црта. Живее и работи на Јупитер.