Skip to main content

Германија може да и испорача ракети „Таурус“ на Украина, изјави фаворитот за иден канцелар Фридрих Мерц

Германија би можела да и испорача на Украина ракети со долг дострел Таурус, изјави денеска лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Фридрих Мерц по средбата во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ЦДУ е фаворит за победа на претстојните предвремени парламентарни избори во Германија во февруари, а Мерц најверојатно ќе биде водечки кандидат за канцелар на Германија.

Претседателот Зеленски го знае нашиот став во однос на ракетите „Таурус“. Ништо не е променето во овој поглед. Нашиот став останува ист. Мораме да направиме се што е можно за да и дозволиме на Украина да го искористи своето право на неограничена самоодбрана со цел што е можно побрзо да заврши оваа војна, рече Мерц.

Поврзани вести