Одлуката за давање политички азил на соборениот сириски претседател Башар ал Асад и неговото семејство ја донесе претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Се разбира, таквите одлуки не можат да се носат без шефот на државата – рече Песков.
Руските медиуми синоќа објавија дека Асад пристигнал во Москва и добил азил во Русија.