Skip to main content

Обемна полициска операција – со лажни дијагнози овозможувале финансиска помош за туга нега и инвалидски пензии

freepik

Обемна полициска операција спроведува БЈБ при МВР на територија на повеќе градови низ Македонија насочена кон сузбивање на организиран криминал и корупција во здравствениот систем. Според неофицијални информации до кои дојде Република, се работи за долгогодишно незаконско работење, со прикажување на лажни дијагнози овозможувале за аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии.

Неофицијално се работи за мрежа составена од преку 50 лица: доктори, член на комисија во ПИОМ, адвокат, вешто лице, управител на консултантско биро), претреси се прават и во здравствени ординации, адвокатска канцеларија, службени канцеларии каде работат докторите – на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес.

Поврзани вести