Skip to main content

ДУИ: Велигден е симбол на надежта, животот и победата на светлината над темнината

По повод големиот христијански празник Велигден, Демократската унија за интеграција упатува најсрдечни честитки до сите верници од православната и католичката вероисповед кои денес празнуваат.

Велигден е симбол на надежта, животот и победата на светлината над темнината. 

Тоа е ден што нѐ обединува околу универзалните вредности на љубов, солидарност и прошка.

Во духот на заедништвото, ДУИ изразува почит кон сите христијански заедници во нашата земја, кои се нераскинлив дел од нашата мултиетничка држава.

Им посакуваме мирен и благословен празник, исполнет со духовна радост, здравје и хармонија во семејствата.

Демократска унија за интеграција

Поврзани вести