Skip to main content

Велигденско слатко лепче, неодоливо мириса додека се пече

Велигден е празник на обновата, на радоста и на заедништвото,“ вели народната поговорка, а во македонската традиција овој ден е неизоставно поврзан со мирисот на свежо испечено слатко лепче.

Обичајот налага на велигденската трпеза да се најде ова печиво, симбол на изобилството и плодноста, често украсено со јајца обоени во црвено, кои ја претставуваат победата на животот над смртта.

Слаткото лепче, со својата мека текстура и богат вкус, ја носи топлината на домот и приказната за семејното единство, пишува НМД.

Овој рецепт открива тајна за подготовка на лепче што ги надминува купечките – направено со љубов и посветеност, исполнето со суво овошје и арома на цитрус.

Потребни состојки:

За тестото:
– 2 јајца
– 40 г шеќер
– 400 мл топло млеко
– 7 г сув квасец
– 100 мл растително масло
– 750 г брашно (просеано)
– 5 г сол

За филот:
– Путер (мек) – по потреба
– Шеќер – по вкус
– Рендана кора од мандарина – по вкус (или лимон/портокал)
– 100 г суво грозје
– 60 г суви кајсии
– 50 г сечкани ореви

За печење:
– Путер – за подмачкување на калапот
– Калап со дијаметар од 18 см

За украсување:
– Шеќер во прав – за посипување
– НМД

Постапка:

Во длабок сад, со жица за матење изматете ги јајцата заедно со шеќерот додека смесата стане пенеста. Додајте го топлото млеко и добро промешајте.

Потоа, внесете го сувиот квасец и оставете го кратко да се активира. На крај, додајте го растителното масло.

Во оваа изедначена смеса постепено додавајте го просеаното брашно и солта. Месете додека тестото стане компактно.

Истресете го тестото на набрашнета површина и месете го со раце додека да добиете меко и мазно  тесто. Ставете го во намастен сад, покријте го со крпа и оставете го на топло место да ферментира додека да го удвои волуменот (околу 1 час).

Откако тестото ќе нарасне, истресете го на набрашнета површина, лесно премесете го и поделете го на 4 еднакви дела.

Секој дел обликувајте го во топче. Покријте ги топчињата и оставете ги да одморат додека го подготвувате филот.

Сувото грозје претходно потопете го во вода, сок или рум за да омекне, па исцедете го. Ситно исечкајте ги оревите и сувите кајсии, па измешајте ги и додајте рендана кора од мандарина (или друг цитрус по желба).

Секое топче тесто развлечете го со оклагија во правоаголна кора. Премачкајте ја кората со мек путер, посипете шеќер по вкус, а потоа рамномерно распоредете од смесата со суво грозје, кајсии и ореви.

извор: нмд.мк

Поврзани вести