
Благоје Јововиќ, атентаторот на Анте Павелиќ, идеологот и лидерот на усташката НДХ, која вршеше геноцидот врз Србите во Хрватска и БиХ во текот на Втораѕа светска војна, ќе биде погребан во Алејата на почитуваните граѓани на Новите гробишта во Белград, објави „Новости“.

Како што потврдиле и потомците на Јововиќ, од кои некои неодамна добијлеа и српско државјанство, за нив би било извонредна чест посмртните останки на нивниот татко да бидат пренесени во Србија и да бидат погребани во Алејата на истакнати граѓани.