
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Вака прогнозираат за утрешниот ден од Управата за хидрометеоролошки работи. Додаваат дека ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено претпладне.
Постарите веруваат дека ако на Велики петок врне дожд, сливите и други овошја нема да дадат богат род. Се верува дека дождот значи тешка и сушна година, полна со конфликти и со кавги.
Од друга страна, пак, се верува дека ако денот е топол и сончев за овој голем празник, родот на овошјето ќе биде голем.