Skip to main content

Изгоре познат угостителски објект во Центар

Телма

На 16.04. околу 3 часот по полноќ во полицијата било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, информираа од МВР.

Станува збор за познат ресторан на улицата „50-та Дивизија“ во непосредна близина на Клиничкиот Центар во Скопје, а според информациите на „Телма“ постојат сомнежи дека пожарот бил подметнат.

Полицијата изврши увид, по што се очекуваат повеќе детали.

Поврзани вести