Skip to main content
k0CnG-6T-VM

Мицкоски во Абу Даби: Зајакнување на соработката и разгледување на можностите за инвестиции во Македонија

facebook-hristijan-mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски со делегација од владата до 17 април е во официјална билатерална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Во рамки на посетата, македонскиот премиер се сретна со неговото височество, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чија покана се реализира оваа посета.

Како што истакна Мицкоски од Абу Даби, деновите кои следат очекува многу плодни и успешни средби кои ќе значат зајакнување на економската соработка меѓу двете држави.

Денеска денот го почнавме со исклучително пријателска и квалитетна средба со неговото височество, претседателот и владетел на ОАЕ, . На средбата и двајцата ја истакнавме потребата од многу поблиски и поплодни односи, a јас од моја страна ги образложив нашите цели како влада. Истовремено, го поканив неговото височество да ја посети Република Македонија, а бизнис заедницата поблиску да ги согледа сите можности за директно инвестирање во делот на туризмот инфраструктурата, земјоделството, енергијата итн., нешто што сум убеден дека може да преставува солидна основа за наша подлабока билатерална соработка. Деновите коишто следат ќе имам средби со стопанските комори на Емиратите Дубаи, Абу Даби, Шаржа, како и многу средби со компании коишто се присутни во регионот и коишто покажаа интерес да инвестираат кај нас дома, во Македонија. Очекувам навистина плодна и успешна посета и многу убави вести за македонсите граѓани“, вели Мицкоски во својата порака од Абу Даби.

Мицкоски беше прчекан со високи почести, по што следуваше средбата и разговорте с Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан.

Поврзани вести