Skip to main content

Претседателот на ПСЖ: Суперлигата не постои и никогаш не постоела

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи искажа остри критики за Суперлигата.

– Не постои. Всушност, никогаш не постоела, освен можеби во главите на неколку заведени луѓе. А сега, со новиот формат на трите турнири на УЕФА за мажи и ажурираното Светско клупско првенство на ФИФА, тоа е уште поневозможно. Никој нема да го поддржи ова: ниту навивачите, ниту играчите, ниту медиумите, ниту владите, ниту клубовите. Знаете дека само два клуба навиваат за Суперлигата. Се надевам дека еден ден ќе ја сфатат својата грешка и ќе се вратат во европското семејство, изјави Ал-Хелаифи.

Деновиве медиумите во Шпанија пишуваа дека проектот Суперлига е жив и дека претседателите Флорентино Перез (Реал Мадрид) и Хоан Лапорта (Барселона) и натаму остануваат на ставот дека тоа е голем и одличен проект. Се шпекулира дека повеќе од 60 клубови се заинтересирани за учество во натпреварувањето што нема да биде во организација на УЕФА

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibom güncel girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escort