
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот зборуваше за тешкотиите низ кои помина неговиот тим за време на натпреварот против Вест Хем, кој „црвените“ го добија со 2-1 по победничкиот гол на Вирџил ван Дајк во 89. минута.
Според Холанѓанецот, сите, освен две од победите оваа сезона биле тешки и доколку Ливерпул ја освои титулата, тоа ќе биде главно поради карактерот што тимот го покажа во текот на целата сезона.
-Не ги добиваме нашите натпревари на лесен начин.Ако постигнеме нешто оваа сезона, тоа ќе биде главно поради менталитетот што го покажуваат играчите. Целата сезона ни беше тешка. Секоја победа, освен две, беа тешки. Последните три натпревари покажаа колку е тешко да се победи во оваа лига, особено на крајот од сезоната. Се враќаме следната недела против Лестер, изјави Слот по натпреварот на „Енфилд“.