Во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Булачани, скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(66) од Скопје, и патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ц.(30) од с.Црешево,скопско.
Во несреќата возачот З.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош каде околу 20.30 часот починал, а од страна на лекар констатирана била смрт.
Со телесни повреди се здобиле Р.Ц., нејзината малолетна сопатничка и уште една сопатничка од возилото „даеву матиз“ С.М.(61) од с.Булачани, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.