Skip to main content

„Денови на македонски кореографи“ на Мала сцена во Национална опера и балет

Национална опера и балет

22.4.2025, 20 часот, Мала сцена – Отворање на „Денови на македонски кореографи“
 
„Mockumentary“ – премиера

Кореографија: Адријана Данчевска Ровчанин
Музика: Александар Гроздановски
Сценографија: Ивана Мојсовска
Костим: Адријана Данчевска Ровчанин
Настапуваат: Дејан Битровски, Адријана Данчевска Ровчанин

Mockumentary“ е танцова претстава која ja истражува политичката сцена и улогата на изведувачот во таа приказна. Од позиција на тело, во оваа динамична и често контрадикторна стварност – самоопределување. Саркастичен и манипулативен пристап создава конфликт. Танцот станува метафора на нестабилност и постојана промена, додека хуморот ги открива апсурдните аспекти на моќта.

Exo на баронот – премиера

Кореографија и концепт: Дејан Битровски
Музика: HERZEL
Костими: Скопје Танцов Театар
Сценографија: Матеа Мијановиќ
Настапуваат: Анастасија Данчевска, Стефани Шаршмит, Нина Петрушевска

Танцова претстава што ја истражува психолошката манипулација во современото општество преку темите на синдромот Минхаузен и неговата модерна манифестација. Изведбата прикажува како луѓето се принудени да создадат искривени верзии од себе под влијание на социјалните медиуми, дезинформациите и општествените очекувања. Користејќи танц, музика и визуелни елементи, претставата ја нагласува борбата за зачувување на автентичниот идентитет во нашата ера.

Скопје танцов театар, 2025 / Национална опера и балет



Поврзани вести