Skip to main content

Украден службен автомобил на Општина Аеродром, кражбата ја пријавил градоначалникот

Фрипик

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески пријавил кражба на општинско возило.

Како што информираат од МВР, вчера во 22 часот во Полициската станица Аеродром, Митески, пријавил дека во периодот од 15.30 часот на 04.04.2025 до 20.40 часот на 07.04.2025 од гаража на општина Аеродром на бул.„Јане Сандански“ било одземено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината.

Возилото било пронајдено на ул.„Перо Наков“, при што било констатирано дека недостасува една регистарска табличка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Поврзани вести