
Статусот на милиони украински бегалци во ЕУ ќе биде доведен во прашање по прекинот на огнот, пишува „Еурактив“.
Според изданието, милиони Украинци на кои им беше одобрен азил во ЕУ според Директивата за привремена заштита, може да го изгубат својот правен статус кога ќе заврши војната. Документот, врз основа на кој 4,3 милиони луѓе добија право да живеат, работат и користат социјални услуги во земјите на ЕУ, нема јасен механизам за обновување.

Бидејќи не постои јасен план на ниво на ЕУ, поединечните земји веќе почнуваат самостојно да одлучуваат како да се справат со украинските бегалци. Според изданието, секоја одлука за продолжување на заштитата може да предизвика политички несогласувања.
Примирјето може драматично да ја промени ситуацијата – тогаш државите ќе почнат сами да одлучуваат дали да ги олеснат мерките за поддршка, да ја стимулираат интеграцијата или да ги туркаат да се вратат дома“, пишува „Еурактив“.