
Првпат се воведува превентивна цел за ментално здравје и тоа посебно насочено кон рано откривање на депресија кај младите, за луѓето од 18-35 години. Истотака, првпат се воведува превентивна цел за рано откривање на деформитети на рбетниот столб, изјави на денешната прес-конфренција во Владата директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски.
Клековски, заедно со министерот за здравство Арбен Таравари и премиерот Христијан Мицкоски одржаа заедничка прес-конференција.
Директор на ФЗО Клековски кажа дека целта е колку што може здравствени предизвици да се решат на примарно, а не да се препраќат на следните нивоа.
Целите за контрола на рацепти, боледување и упатувања на повисоки нивоа влијаат на 10% од годишниот буџет на ординациите. Следните мерки се во подобрување за самата здравствена заштита, министерството за здравство веќе донесе пет протоколи за примарното здравство, вклучувајќи за кадриоваскуларни болести и слични болести кои ќе значат поголено внимание докторите кон овие болести.
Дополнително за тоа Фондот за здравствено осигурување воведува нови цели за превенција и рано откривање на малигни заболуваеа на простата, дебело црево и грлото на матката, за лекарите и гинеколозите кои треба да делуваат во синергија со превентивните програми со министерството за здравство, изјави Клековски.