Skip to main content

18-годишник од Штип „шибал“ со 114 километри на час, каде е дозволено 50

МВР

На 06.04.2025 во 15.00 часот на улица „Железничка“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода И.П.(18) од Штип.

При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „ауди“ со брзина од 114 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани вести