
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со заменик-министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, денеска ќе престојуваат во работна посета на општина Гостивар.
Како што најавија од Министерството за култура и туризам, Љутков и Сулејмани ќе ги посетат институциите од областа на културата како и повеќе објекти кои се дел од значајното културно наследство на Гостивар. Станува збор за Беговата куќа, Куќата на Ахмед Чако, Саат кулата, Медресето, црквата „Св. Димитрија“ и Старата џамија во Равен.