Skip to main content

САД сѐ поблиску до забрана на Тик-Ток

Американски сојузен суд ја потврди уставноста на законот кој може да доведе до забрана на платформата „ТикТок“ во САД, соопшти денеска Апелацискиот суд во округот Колумбија.

Судот пресуди дека законот бара „ТикТок“ да ги прекине врските со матичната компанија „Бајтденс“ од Кина или да биде забранет почнувајќи од 19 јануари. Одлуката дојде откако компанијата тврдеше дека забраната е спротивна на Уставот на САД и слободата на говор.

Во меѓувреме, новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој се обиде да го забрани „ТикТок“ во својот прв мандат, изјави дека сега е против забраната и ќе работи на „зачувување на социјалните медиуми“