
Полицијата во Србија извршила контрола во угостителски објект во Белград и пронашла голема количина разни наркотици, пишува порталот „Новости.рс“.
Со координирана акција на полицијата и обвинителството, како и со претрес на објектот е спречена потенцијална трагедија, бидејќи е утврдено дека објектот се наоѓал во склоп на магацинот со муниција на Министерството за внатрешни работи. Со оваа акција е спречена потенцијална катастрофа и македонското сценариот на пожарот, пишува „Новости.рс“.
По налог на јавниот обвинител во Белград, шест лица се задржани на 48 часа поради сомнеж дека извршиле кривично дело неовласено држење и промет на опојни дроги.
Меѓу приведените е и водачот на блокадерите, Вељко Радуновиќ, како и неколку студенти блокадери.
Радуновиќ бил на изборната листа на ДС. Тој е член на оваа партија на Врачар, каде што главен член на демократите е Богдан Татиќ, во чија екипа е Радуновиќ.