Skip to main content

Концерт со солисти кларинетисти од Германија и Унгарија

Плакат

Здружението за култура и уметност АРТИСТИКО-Скопје го најавува завршниот концерт на 7-от Меѓународен фестивал за кларинети “КЛАРИФЕСТ-Скопје 2025”, кој ќе се одржи денес (недела) 6 април  во КИЦ-Скопје (Салон 19:19) со почеток од 20 часот.

На концертот ќе настапат реномираните интернационални солисти на кларинет Николаи Пфефер од Германија и  Габор Варга од Унгарија, а во придружба на нашата истакната пијанистка Елена Атанасовска -Ивановска.

На концертот ќе бидат изведени дела од Ј.С. Бах, Ј. Брамс, Р. Шуман и Р. Мучински а освен на кларинет, публиката ќе има прилика да проследи едно од делата во изведба на басет кларинет, за прв пат во Македонија.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и влезот на концертот ќе биде бесплатен.

Поврзани вести