Повеќе од половина од жителите на германскиот град Франкфурт се со мигрантско потекло. Со германско потекло се само 48,8 проценти, наспроти станатите 51,2 отсто.
Во групата негерманци најбројна е турската заедница која претставува 13% од жителите на градот, а 61% од сите мигранти во Франкфурт се од други земји на ЕУ.
Освен Франкфурт германското мнозинство го губат и Аусбург и Штутгард.
Вакво нешто се случува и во градовите на други европски држави, како на пример Амстердам, Брисел, Женева и Лондон.
Инаку, од вкупната популација во Германија која брои повеќе од 84,6 милиони, според лански податоци 71,3 проценти се Германци, 3,4 Турци, 2,6 проценти се Полјаци, 1,6 проценти се Руси…, па се верува дека Германците нема да станат малцинство во својата држава.