
Националната библиотека на Македонија со свој штанд на Саемот на книгата во Лајпциг, Германија претстави дел од својата издавачка продукција и дел од најновата издавачка продукција на Македонија.
На штандот се изложени антологии преведени на германски јазик кои побудија огромен интерес меѓу посетителите.
Саемот трае до 30 март, повелете посетете не’ во халата на интернационални изложувачи, партнери на ТРАДУКИ, соопштија од НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје.