Skip to main content

Путин има потекло од Балканот, поточно од Албанија, потврди неговата ДНК?

Printskrin

Хакери успеале делумно да ја откријат ДНК-та на рускиот претседател Владимир Путин со упад во компјутерот на неговиот братучед Михаил, кој ја испраќал својата ДНК во компанија на анализа. Како што пренесува „Билд“, утврдено е дека Путин припаѓа на хаплогрупата која е најзастапена на Балканот.

Сите денешни членови на хаплогрупата Е-В13 се далечни потомци на човек кој најверојатно живеел на Балканскиот Полуостров пред неколку милениуми и најверојатно бил дел од неолитската заедница на рани земјоделци. Сега сите европски нации имаат барем некои членови на оваа хаплогрупа.

Што е хаплогрупа

Најголем дел од членовите на Е-В13 денес се на Балканот. Во Албанија и Косово, секој втор маж е член на оваа хаплогрупа, што доведе до прашања на Интернет во последните денови дали Путин има албанско потекло. Сепак, има приближно ист број мажи кои се носители на E1b кои живеат во Русија како и во Косово и Албанија.

Поврзани вести