
Со едноминутен молк на Факултетот за музичка уметнст започна комеморацијата во чест на 48-годишната професорка Сара Пројковска, која животот го загуби трагично во пожарот во дискотеката во Кочани, настапувајќи со својод бенд ДНК.
Сара беше професорка по пијано, но и истакнат македонски музичар, пратечки вокал на бендот ДНК, како и на дел од најголемите македонски музички ѕвезди, вокалист во бројни музички проекти, домашни и странски, и текстописец на забавни мелодии, за што има освоено и бројни награди. Нејзините пријатели, колеги, студенти, соработници велат Сара засекогаш ќе ја паметат како незаменлива пријателка, секогаш ведра и насмеана, а особено по нејзиниот огромен талент, љубовта за музиката која кај неа се јавила од мали нозе и нејзиниот ангелски глас.
Во нејзина чест настапија студентскиот оркестар и пијанистот Дино Имери, а беше прочитана и поема напишана од македонската поетеса Ана Бунтевска.
На Факултетот за музичка уметност во чест на Сара Пројковска е отворена и книга на жалост каде нејзините колеги и студенти пишуваат пораки за последно збогум.