
Како што пренесува „Марбела 24 Хорас“, на 13 февруари Ѓоковиќ по втор пат е казнет со 5.000 евра.
Се наведува дека Новак треба да ја достави потребната документација или да урне дел од промените што ги направил во куќата в шпанското одморалиште Марбеља.
Градскиот совет на Марбела води спор против Ѓоковиќ од февруари 2024 година, откако тие, наводно, извршиле реновирање без дозвола кон крајот на 2022 година. Во февруари 2024 година, му беше наредено да ги реши неправилностите во рок од два месеци. После тоа, на 06.08.2024 година му е изречена првата казна од 5.000 евра.