Skip to main content

Археолошки музеј: Ново партнерство за унапредување на науката и културното наследство

фото: фејсбук/Археолошки музеј

Ново партнерство за унапредување на науката и културното наследство! , соопштија на Археолошкиот музеј.

Националниот Археолошки музеј и ЈНУ Институт за национална историја на 10.03.2025 година, потпишаа Меморандум за соработка, кој предвидува:

Заеднички научно-истражувачки проекти, конференции и изложби

Соработка во издаваштвото и размена на публикации

Можност за вработените во музејот да студираат на втор и трет циклус на Институтот со намален износ на школарина

Ова партнерство ќе придонесе за збогатување на истражувањата и афирмација на нашето културно-историско наследство.

Во тек е соработка на заеднички проект меѓу двете институции и Карловиот универзитет од Прага со наслов “Кратовско-злетовскиот регион низ историјата”.

Проектот ќе ја опфати економијата, патната мрежа и населените места во регионот, а покрај теренското рекогносцирање и мапирање, за прв пат ќе се пристапи интердисциплинарно кон одредени прашања поврзани за овој металуршки регион. Раководители на проектот се проф. д-р Барбора Вајзова од Карловиот Универзитет, д-р Дамјан Донев од Институтот за национална историја и м-р Радомир Ивановиќ, виш кустос во музејот.

Поврзани вести