Skip to main content

Интер е задоволен од Инзаги, сака да му понуди нов договор

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги може да го продолжи договорот со клубот, објави новинарот Николо Шира.

Раководството на миланскиот клуб сака да го продолжи договорот со 48-годишниот стручњак до летото 2027 година.

Инзаги е на чело на Интер од 2021 година. Под негово водство, тимот стана шампион на Италија, двапати го освои Купот и три пати Суперкупот, а стигна и до финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2022/23.

По 29 кола во Италијанското фудбалско првенство, Интер е лидер на табелата со 64 бодови, три повеќе од второпласираниот Наполи

Поврзани вести