Skip to main content

Џибони ја промовираше книгата „Дрво“ – збирка приказни инспирирани од неговите песни

Хрватскиот музичар Златан Стипишиќ – Џибони ја промовираше книгата „Дрво“ – збирка приказни инспирирани од неговите песни.

Сè започна кога Миљенко Јерговиќ и Дејан Стојиљковиќ напишаа раскази инспирирани од овие песни на Стипишиќ. Уредникот и составувач на книгата, писателот Ѓорѓе Матиќ, дошол на идеја да покани луѓе кои би можеле да ги обликуваат сопствените искуства со песните на сплитскиот кантавтор.

Меѓу нив, покрај професионални писатели и поети имаше и универзитетски професори, новинари, академици, музичари и ликовни уметници. На крајот, Ѓорѓе и Џибони избраа 27 автори чии раскази беа објавени во збирката „Дрво“ именувана по последниот хит на Златан.

„Мојот услов за објавување на книгата беше луѓето да не пишуваат на задача, ниту да пишуваат за мене – не сакав критики, туку сликите што ги создаваат моите песни во нив. Поемите отсекогаш сум ги гледал како патопис – би можел, на пример, да го нацртам Васа Ладачки. Знаете дека никогаш не сум се сметал за поет, ниту за човек на буквите, па затоа ми е голема чест што бев инспирација за сите овие луѓе и што денес ја држам оваа книга во моите раце.“ – истакна Џибони.

Гостин на промоцијата беше писателот и сценарист Дејан Стојиљковиќ, кој истакна дека на Златан му е пријател веќе 30 години, а клучни албуми му се „Јуди, звири и бештимје“ и „Миракул“.

За разлика од него, писателот и новинар Мухарем Баздуљ е најемотивно врзан за песната „Гласно, гласније“ на бендот Осми Путник, која беше негова тинејџерска химна.

„Џибони е вистински текстописец, чии песни викаат да бидат претворени во прозни текстови и чест ми е што сум вклучен во овој избор.“ – рече Баздуљ.

Поврзани вести