
Ако имате бебе или мали деца, можеби ќе сакате да избегнете големи гужви и места со многу туристи, како и острови за кои е потребно повеќе пешачење за да се обиколат. Освен неколку места познати по бучниот и турбулентен ноќен живот, во Грција нема многу одморалишта кои би требало да ги избегнувате доколку одите на одмор со деца, но ова се неколку за кои искуството на туристичките агнети од „Грчка инфо“ вели дека треба да се одбегнат:
Кавос на Крф, Малија на Крит, Лаганас на Закинтос и Кардамена на островот Кос се претежно бази за млади Британци кои ја посетуваат Грција главно за ноќни журки и деноноќно конзумирање алкохол, па и самите места, сместувања и активности кои се нудат не се соодветни за деца.
Ако сакате да избегнете места со бучни барови и жив ноќен живот, логично е да избегнувате острови како Миконос каде што ноќниот живот трае до доцна во ноќта, па дури и до утринските часови.
Повеќе познати туристички дестинации како Санторини или Крит се познати по нивните прекрасни и необични плажи, но тие можат да бидат преполни во текот на сезоната, додека Крит особено бара многу тури и екскурзии кои можат да бидат заморни за семејствата со мали деца.
Ако сакате да избегнете места со лоша инфраструктура или ограничени содржини за деца, избегнувајте помалку познати одморалишта или острови со ограничени опции за сместување и активности.
Доколку планирате летен одмор со деца во Грција, ве советуваме да истражите различни опции и да одлучите која е најдобра за вас во зависност од вашите потреби и интереси, пишува „Грчка инфо“