Skip to main content
СКАНДАЛ ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА

Лекар нападнал колега сред операција, пробал да го земе апаратот за анестезија

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(65) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност“.

На 05.02.2025, пријавениот, лекар во Клиничка болница Штип, влегол во една од салите за операција каде се изведувала операција и се обидел да го земе апаратот за анестезија, при што физички нападнал негов колега кој ја вршел интервенцијата, соопшти МВР.

Поврзани вести