Skip to main content

Пласидо Доминго по пристигнувањето во Скопје ја одржа првата проба со оркестарот на НОБ

Шпанскиот тенор со светска слава Пласидо Доминго пристигна во Скопје, објави продукцијата „Прагма”. Доминго на 14 март за првпат ќе одржи концерт во Скопје, во салата „Борис Трајковски” од 21 часот.

„Без минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ќе ја одржи првата проба”, велат од „Прагма”, која го организира концертот во копродукција со Операта.

На концертот во Скопје ќе настапи и италијанската сопранистка Марија Жосе Сири, а ќе диригира Жорди Бернасер од Шпанија.

„Програмата на концертот ќе ги разбуди сите емоции: радост, смеа и, се надевам, моменти кои ќе ги паметиме засекогаш. Ова е моја прва посета на Македонија и навистина сум возбуден што конечно ќе ја доживеам магијата на вашата прекрасна земја”, кажа Доминго во видеопорака.

Поврзани вести