Skip to main content

Охридскиот камерен оркестар денеска ќе го одржи концертот „Мозаик на жанрови“

Од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид, за денеска, со почеток во 13:00 часот, во Малата сала на Центарот за култура, го најавуваат музичкиот настан „Циклус на концерти: Мозаик на жанрови“.

На сцената ќе настапи Охридскиот камерен оркестар, кој пред охридската публика ќе изведе разновидна и внимателно одбрана програма, составена од познати дела од класичната и забавната музика. Како солисти на концертот ќе настапат
Исабела Димовска, Ѓоко Чеменкоски и Билјана Буџакоска.

– Овој проект има за цел да понуди спој на различни музички стилови и да ја доближи уметничката музика до пошироката публика, преку преплетување на класични созвучја и популарни мелодии. Влезот за сите посетители е слободен, информираат организаторите.

Поврзани вести