Skip to main content

Повик за доделување парични награди за освоен медал на меѓународна научна олимпијада

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата во учебната 2024/2025 година.

На Јавниот повик може да се пријави ученик запишан во средно училиште и наставник вработен во средно училиште во државава, кој го подготвувал ученикот и доколку е освоен златен, сребрен или бронзен медал на научна олимпијада во текот на учебната 2024/2025 година.

Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата, треба да достави електронска пријава заедно со документи кои се наведени во повикот што го објави МОН.

Министерството за образование и наука ќе додели поединечно, на ученикот и на наставникот кој го подготвувал за олимпијадата, парична награда во износ од 12.000 денари месечно за освоен златен медал, 10.000 денари месечно за освоен сребрен медал и 8.000 денари месечно за освоен бронзен медал. Паричната награда се исплаќа за период од 12 месеци.

Не се доделува парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади доколку олимпијадата е организирана преку онлајн-платформа, доколку наградата претставува дел од проект и доколку е освоена како резултат на тимски натпревар.

Кандидатите треба да достават електронска пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 30 септември 2025.

Во јавниот повик се наведени повеќе информации за правилата за учество на повикот и за критериумите за добивање на наградите.

Поврзани вести