Skip to main content

Марта Кос во тридневна посета на Албанија

Еврокомесарката за проширување Марта Кос од денеска до петок ќе ја престојува во Албанија за да направи преглед на досегашниот тек на преговорите за пристапување на земјата во ЕУ.

Како што соопшти Европската комисија, оваа нејзината прва официјална посета на Албанија по стапувањето на должноста, Кос ќе ја искористи за да разговара со албанските власти за напредокот во процесот на пристапување на земјата во ЕУ, особено во спроведувањето на основните и реформите во правосудството.

Посетата ќе биде и можност да се истакне важноста од консолидирање на напредокот преку постигнување нови видливи резултати, во согласност со природата на процесот, кој се заснова на заслуги, се додава во соопштението.

Предвидено е за време на престојот во Албанија, Кос да се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, со главната албанска преговарачка со ЕУ, Мајлинда Дука и со претседателката на Собранието Елиса Спиропали.

Кос ќе има средби и членови на Парламентот, вклучително и со опозициски пратеници, како и со претставници на албанските правосудни институции и на граѓански организации. Таа, исто така, ќе има и обраќање пред студенти од Колеџот на Европа и од Универзитетот во Тирана, со кои ќе разговара и за улогата на граѓанското општество и младинскиот ангажман во политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан.

Во рамки на престојот во Албанија, Кос во Елбасан ќе посети организации кои спроведуваат проекти финансирани од ЕУ и ќе се сретне со жени жртви на родово базирано насилство и со ученици вклучени во Програмата за училишна размена на Западниот Балкан.

Поврзани вести